Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево
Foto

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер

0 Коментари

Остави коментари