Времето денеска стабилно и топло време

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.