Времето денеска, сончево со слаб ветер
Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд.