Времето денеска сончево и топло
Foto

Времето денеска сончево и топло

Утрово времето е свежо, а преку ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 27 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

0 Коментари

Остави коментари