Времето денеска сончево и топло
Foto

Времето денеска сончево и топло

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Кон крајот на неделата ќе има мала до умерена облачност, а дневните температури благо ќе опаднат.

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до  10, а  дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

0 Коментари

Остави коментари