Времето денеска променливо облачно и значително посвежо
По период на нестабилно време, денеска нè очекува променливо облачно и значително посвежо време со сончеви периоди ширум земјата. Синоптичарите најавуваат повремени локални врнежи од дожд, но главен белег на денот ќе биде засилениот ветер.
Температурите ќе бидат во благ пад, а посвежиот бран ќе се почувствува во сите градови.
о Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 7, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови. Променливо облачно време ќе се задржи и во наредните денови. Локален пороен дожд грмежи и засилен ветер се очекува во вторник.“

