Времето денеска променливо облачно и студено
Foto

Времето денеска променливо облачно и студено

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува повремено силен северен ветер со брзина и над 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус шест до шест степени.

Во Скопје, облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до три степени.

Од понеделник следува период на стабилно и посончево време со умерен северен ветер и ниски утрински температури.

0 Коментари

Остави коментари