Времето денеска - облачно и врнежливо

Времето денеска се очекува да биде претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд,  наместа пообилни.Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 0 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 14 степени.