Времето денес - сончево, потопло и ветровито
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува УХМР. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови на Македонија засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.