Времето денес: Сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури во земјава ќе се движат од 14 до 20 степени Целзиусови, додека очекуваните температури во текот на денот ќќе се движат во распонот од 30 до 39 степени.

Во Скопје и околината очекувана миимална температура е 17 степени, а максималната ќе се движи до 37 степени, велат од УХМР во утринскиот извештај.

Оттаму предупредуваат и на висок УВ фактор кој денес ќе изнесува 8.

На олку високи температури и висок УВ фактор се препорачува граѓаните да се заштитат при излегување надвор од дома, а на бремените жени и лицата постари од 60 години, како и хронично болните им се препорачува во клучните периоди кога е најтопло да останат во своите домови.