Временските непогоди го преполови родот на земјоделците

Ниските температури и мразот повторно ги оставија овоштарите и лозарите со огромни штети. Дел од земјоделците велат дека родот е преполовен, а на одредени места и целосно уништен. Од Националната земјоделска мрежа се надеваат дек со обештетувањата ќе ги покријат реалните загуби за разлика од претходните сезони кога добивала од 5 до 10 % оштета за загубениот род 

Според нив, земјоделците се ставени во невозможна ситуација – ако нема род поради мразот, нема што да предадат, а без тоа ризикуваат да останат и без субвенции. Велат дека обештетувањата се мали и недоволни за да ги покријат реалните загуби.

Од Министерството за земјоделство ги отфрлаат ваквите тврдења. Велат дека во програмата за финансиска поддршка за 2026 година постои исклучок во случај на природна непогода, па условот за предадени 30 проценти од производството нема да важи доколку е спроведена законска постапка за штета.

Министерство за земјодели 

Општините треба да прогласат природна непогода, по што комисиите излегуваат на терен и прават проценка. Првичните информации, велат од таму, покажуваат во зависност од регионите штети од 10 до 50 проценти, а на одредени места и до целосно уништени насади.

Во меѓувреме, земјоделците повторно се жалат на старите проблеми – ниски откупни цени, недостиг на организиран пласман и откупни центри, но и неизвесност која, како што велат, со децении го притиска македонското