Временска прогноза: Сончево со мала облачност, претпладне магла

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 15 степени.

 

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури. Од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.