ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

Преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.