Временска прогноза: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Дневната температура ќе се движи од 23 до 33 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 31 степен.