Вреди слави победа, ДУИ најавува реконструкција

Само четири рурални општини. ДУИ како водечка партија од коалицијата Национална Алијанса за Интеграција го доживеа најголемиот пораз од нивната политичка историја.

Општинската карта ја доби партиската боја на ДУИ во Студеничани, Чашка, Липково и Пласница. Урбаните бастиони Струга и Кичево ги изгуби од владините коалицони партнери ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот Али Ахмети го призна поразот на локалните избори. Посочи дека време и за обнова и самокритика.Но, ДУИ како што рече ја освоиле мнозинската народна подршка на национално ниво, со над 23 000 гласови повеќе од нивниот политички опонент ВРЕДИ. Севкупнит резултат за Ахмети пак бил последица на уцените на државниот апарат и непринципиелните колации. 

По изјавата на Ахмети партиското седиште во Мала Речица се затвори. Во и околу штабот тивко и без вобичаеното славје. Но, на неколку километри во центарот на Тетово победата на ВРЕДИ се прославуваше на големо.

Вреди освои 9 општини. Билал Касами успеа да го задржи Тетово со значителна предност од околу 5 000 гласа од противкандидатот Бајрам Реџепи од ДУИ. Се славеше и за победата во Струга, но и во останатите општини. 

И Изет Меџити славеше во Тетово. Тоа што го бараше го доби - ДУИ оди во политичка историја кажа новиот градоначалник на Чаир. 

ДУИ не успеа ниту со својата неофицијална подршка да му помогне на кандидатот на ВЛЕН да ја освои Брвеница. Таму уште мандат доби Јовица Илиевски од ВМРО ДПМНЕ. На прославата се приклучи премиерот Христијан Мицковски. Во присусто на премиерот Мицковски Илиевски порача:

Дали Националната Алијанса за Интеграција предводена од ДУИ ќе направи мал камбек ќе се знае на прегласувањето во Гостивар и Врапчиште чии кандидатите освои најголем гласови на 19 октомври, но поради немањето цензус  изборите беа неуспешни.

Но и тоа ќе покаже колку НАИ ќе остане обединета или пак ќе се распрсне како меур од сапуница. Во Мала Речица следуваат тешки денови. 

Човекот кој повеќе од 20 год. беше во власт на секое ниво ќе мора очигледно да направи радикални резови, а според дел од најавите бне се исклучува да се соочи и со барање за политичка пензија.