„Вреди“ по тридневен молк, „удри“ по Силјановска – Давкова- ветото било под притисок на опозицијата

Фатмир Лимани, министерот за социјала ќе го потшише законот за  детска заштита без двојазични лиценци, за кои шефицата на државата стави вето – тврди за тв 24 висок владин функционер . Според истиот функционер тоа е апсолвирано прашање – кое е решено во комуникација меѓу Мицкоски и Лимани . Според него решенеито ќе биде доколку некој побара да добие двојазична лиценца, но тоа нема да биде законска одредба.. 

ТВ 24 побара одговори и до Лимани, но тој остана недостапен за јавоста . И додека од Владата неофицијално тврдат испеглана е работата, од Вреди по три дена молк, денеска со како што велат  првична реакција .  Коалициксите партнери на Христијан Мицкоски удрија по шефицата на државата за ветото ззаконот  за детска заштита , во кој Силјановска Давкова ги оспори двојазичните лиценци. Според Вреди олдуката претседателката ја доенла под притисок на  СДСМ и Левица. 

„Вреди“:

Првичниот став на ВЛЕН е дека одлуката на Сиљановска е дневно политички мотивирана, донесена под притисок на Левица и СДСМ. Се додека и заштитата на децата се мери низ призмата дали опфатот на Албанскиот јазик е наводно прекумерна, како политичари сме на погрешен колосек. Наместо да зборуваме за бришење на срамната формулација изразена во проценти за Албанскиот јазик, се политизира предучилишната нега. Нашата порака е јасна, нема да дозволиме да се печалат политички поени на употребата на Албанскиот јазик со оправдување дека истиот го разгледува Уставниот Суд. 

Сепак во реакцијата нема  ниту  збор за премиерот , кој го поддржа ветото на Силнаовска, и порача дека одредбите  се против уставни и е направен превид, но и дека законот ќе се доработува, а двојазична лиценца ќе има само по барање на поднесителот . Токму ова за Али Ахмети е докази дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ планирата  да го укинат  законот за употреба на јазиците .

ДУИ: 

Ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик. Ги повикуваме сите Албанци да бидат свесни за опасноста што му се заканува на албанскиот јазик и да останат обединети против овој обид за деградирање на правно политичкиот статус на Албанците.

Од партијата на Села пак со порака до Вреди 

АА- крило на Села: 

Ги повикуваме пратениците и функционерите на Вреди еднаш засекогаш да си го одржат зборот даден во јавност дека предложениот закон за заштита на децата ќе го опфати и албанскиот јазик и да не дозволат промена на законот ниту во Владата кога предлогот се подготвува ниту во Собрание кога потоа ќе треба да се гласа. 

Oд Бихаќка по денешната прозивка само велат дека останувата на првичната позиција дека шефицата на Државата постапила исправно . Еден месец е рокот по ветото на Силјановска за новиот преправен закон како шт го најави премиерот да стигне до законидавниот дом.