Вреди не се откажува од албанска Академија на науките и уметностите
ВЛЕН ќе почне да го финансираат унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците, ова е заклучокот по денешната средба која градоначалниците на Влен од владината коалиција ја имаа со албанските академици.
Сепак дали е ова прв чекор кон формирање на Албанска академија на науките и уметносите не конкретизираа иако велат дека е потребна албанска академија но велат за тоа ќе требало да има широка и јавна дискусија. Не открија ниту дали има согласност со владините коалициски партнери ниту каква ќе биде помошта и сумата која првично ќе биде одвоена за поддршка .
- Се договоривме за патот на овој значаен проект во сите области, како академско организирање, законски формалности, но и финансиска поддршка која првично ќе започне како поддршка од четирите општини. Предлогот што е даден за правна разрешница на оваа идеја ќе се анализира во рамките на коалицијата ВЛЕН и доколку има потреба ќе организираме и јавна расправа со присуство на коалициски пратеници и други пратеници од Собранието. Паралелно, работиме и со нашиот владин партнер за овој проект да најде законско решение што е можно побрзо и подобро. - Билал Касами градоначалник на општина Тетово.
- Ние, со градоначалниците на општините, немаме ништо друго освен да го развиваме социјалниот дијалог, кој има врска со тоа што сите сегменти од општеството да се сензибилизират и да не гледаат како пријатели на општеството и науката. Хасан Јашари. Раководител на Здружението на албанските академици.
Владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ пак денеска со став дека во земјата постои само една академија и тоа е МАНУ. А на градоначалниците им порачаа да се позанимаваат повеќе со проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните.
Сепак образложувајќи ја денешната средба со албанските академици во денешното соопштение на Вреди се наведува и дека Неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба и додаваат дека идејата и целта не била да се создаваат меѓуетнички тензии.