Вратени десетици косовци од Сирија
Foto

Вратени десетици косовци од Сирија

Десетици државјани на Косово, меѓу кои и жени и деца, кои се наоѓале во областите опфатени со војна во Сирија, се вратија во Косово со авион кој слета на приштинскиот аеродром доцна синоќа, јави дописникот на МИА од Приштина. На аеродромот „Адем Јашари“ ноќта меѓу петокот и саботата беше присутен и министерот за правда на Косово, Абелард Тахири, кој изјави дека операцијата за враќање на косовските граѓани од Сирија е завршена успешно. За повеќе детали околу операцијата Тахири најави дека ќе ја информира јавноста на прес-конференција во текот на денешното претпладне.

Голем број припадници на полицијата беа забележани на аеродромот, како и возила на брза помош и други превозни средства. Дописникот на Радио слободна Европа извести дека на местото каде што се претпоставува дека пристигнаа косовците е забележан авион, на чиј еден дел можело да се види американското знаме.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку недели ги повика европските држави да ги вратат и да им судат на своите граѓани кои учествувале во војната во Сирија на страната на терористичката организација наречена Исламска држава (ИД). Владата на Косово тогаш објави дека ќе дејствува како и другите земји членки на глобалната коалиција против ИД.

0 Коментари

Остави коментари