Враќањето на Клиничкиот центар во една целина е чекор во добар правец порачуваат познавачите
Поранешениот министер за здраство Драган Данаиловски се согласува за враќање на централизацијата на клинички центар како што беше кога тој раководеше со министерството, тој за телевизија 24 вели дека монолитен клинички центар е единственото одржливо решение за добро работење.
- Секако, со еден професионален менаџер и уште еден сручен директор, една администрација а не сто. Единствено одржливо решение е монолитен клинички. За што аргументите се познати секому: Подобар увид и кординација на дејностите, контрола и распределба на средствата, редукција на административен персонал. Што треба да резултира со поквалитетно менаџирање со услугите за пациентите, подобрување на нивното задоволство како и здраствените исходи. - вели Драган Данаиловски поранешен министер за здраство.
Децентрализацијата на клиничкиот центар беше направена пред 16 години кога тогашната Влада во 2007 година ја направи реорганизацијата на клинички. Во телефонски разговор за тв 24 тогашниот министер Имер Селмани кажа дека прво треба да се разгледа идејата на сегашниот министер Фатмир Меџити бидејќи не би било колегијално да се коментира во медиумите без да се види каков е неговиот план.
Укинувањето на економските директори беше најавен вчера од министерот Меџити кој треба да го достави својот план за тоа до Влада кој очекува да се укинат овие работни позиции од почетокот на 2024 година.
Доколку се одобри идејата и реализира, државата би заштедувала со груба пресметка негде околу половина милион евра за една година, затоа што на еден економски директор месечната плата му е од 1000 до 1500 евра или околу 40 000 евра за сите од 30-те клиники кои се во склоп на центарот.
Економските директори не се единствен проблем на министерството добар дел од болниците се со долгови, тие се на петто место, кои го зголемуваат јавниот долг и изнесува 441.3 милиони евра, од кои приближно 22,4 милиони евра се од здраство.