Врачено „Рациновото признание“ за 2020 на Томислав Османли
Foto

Врачено „Рациновото признание“ за 2020 на Томислав Османли

Завршија Рациновите средби. Синоќа во Велес беше спуштена завесата на уште едно, 57-мо издание на оваа меѓународна поетска манифестација.

Во услови на ковид-криза, Рациновите средби, поскромни од вообичаеното, но повторно го воздигнаа Рациновото творештво и го воспеаа неговиот дух. Традиционално, оваа поетска манифестација завршува со  свеченото доделување на признанијата, па така македонскиот писател Томислав Османли ја доби највисоката награда, која му ја донесе неговата 28 книга, „Парадоксикон“.

Човекот кој што учествуваше во откривањето на првото македонско евангелие напишано со грчки букви – финскиот лингвист Јоуко Сакари Линдстет, заедно со американскиот македонист Виктор Фридман го добија почесното Рациново признание. Во име на наградените, кои поради ковид-кризата не беа присутни во Велес, признанијата ги прими професор Људмил Спасов.

Традиционално и годинава се одржа меѓународениот поетски митинг, на кој покрај македонските, поетите од странство преку видео, рецитираа свои песни.

Во рамките на Рациновите средби се одржаа и две меѓународни конференции посветени на 75-години современ македонски јазик и творештвото на Горан Стефановски, неколку промоции на книги и посети на родната куќа и вечното почивалиште на Коста Солев Рацин.

Во двете вечери се одржаа и два концерти, прво на групата „Синтезис“, а потоа и на градскиот камерен окестар од Велес.

0 Коментари

Остави коментари