Вработените во Водовод стапуваат во генерален штрајк

Во скопски Водовод ќе се штрајкува. Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Водовод и канализација Скопје-ССМ едногласно донесоа одлука за користење на правото на штрајк, а во согласност со Законите.

Сите вработени  ќе стапат во штрајк. Штрајкот ќе се спроведе на работните места-со неизвршување на работните обврски-согласно Законите и Колективниот договор. 

Согласно со Колективниот договор за комунални дејности, во деновите на штрајк вработените се исплатени 100% од нивниот надоместок за работа.  

Се уште не е утврден датумот на штрајкот, но според очекувањата тој ќе се реализира доколку во меѓувреме не се надминат проблемите кои настанаа во Водовод, откако таму беше разрешен Златко Перински, а на негово место  дојде Митовски. 

Неодразбирањата настанаа откако градоначалничката Арсовска го обвини екс директорот Перински за нетранспарентност во постапката за изградба на пречистителна станица, а тој ја обвини за вршење влијание во текот на постапката. 

По разрешувањето, дел од вработените и синдикатот го обвинија новото раководство за реваншизам, што кулминира деновиве со одлуката за стапување во генерален штрајк.