Вработените во управата за матични книги не се откажуваат од барањето за 20% раст на плата
Синдикатите при Управата за водење на матични книги бараат 20 посто повисоки плати, велат дека ваквото барање е стари и дека веќе неколку години добиваат ветување но тоа останало само на ветување.
Велат дека не разбирливо е како оваа инстутуција долги години е оставена сама да се снаоѓа. Бараат надлежните институции да им го реши проблемот и да добијат 20 повисоки плати.
Директорот на Управата за водење на матични книги, Фатон Фазлиу посочи дека од Министерството за финансии вработените добиле гаранции но дека таквото ветување останало неисполнето. Апелира до владата да се најде решение, бидејќи вработените се со наниски плати.
Од синдикалните претставници предупредуваат дека доколку надлежните не одговорат на барањата, можни се протести и штрајкови што би значело целосна блокада на работата на Управата и запирање на издавањето документи на неодредено време.

