Вработените во правобранителство на протест, можен е и штрајк и закочување на експропријацијата за коридорите!
Вработените во Државно правобранителство денес започнаа протести поради незадоволство од ниските плати. Протестите ги најавија од пред судот во Гостивар, од каде нагласија дека доколку не им се покачат платите за 30%, ќе стапат во штрајк, што значи нема да ги работат и предметите од експропријацијата на земјиштето за коридорите.
„Протестите кои ќе траат по два часа во текот на денот, се организираат со цел конечно да се уважи едното и единствено барање на вработените, а тоа е: утврдување и исплата на додаток на плата во висина од 30% на платата. Пред само два дена од страна на претставници на Владата, токму од овде од Гостивар, беа дадени изјави дека до нова година ќе се завршат сите постапки за експропријација и дека само за два месеци се завршени 2432 предмети за експропријација. Од почеток на годината само Гостивар има завршено 1300 предмети, плус уште 2000 други предмети. За информација на надлежните, постапките за експропријација од кои зависи изградбата на автопатите и коридорите во Македонија ги водат токму вработените во Државното правобранителство. Овие постапки се само дел од работните задачи на овие вработени кои се адвокати на државата, а нивната основна задача е да го штитат имотот и интересите на државата. За жал во изминтаиве години државата заборави на нив.“, изјави Трпе Деаноски, претседател на претседател на Синдикатот на УПОЗ.