Вработена во „Pierre Cardin“ сведочела што купувал Боки 13
Foto

Вработена во „Pierre Cardin“ сведочела што купувал Боки 13

Вработена во продавницата за мебел „Pierre Cardin“ која се наоѓа близу Качанички пат, денес сведочела во Обвинителството за случајот Рекет од каде Боки 13 го купил мебелот, велат извори за ТВ 24.

Денеска за Рекет беа повикани и Агапи Дика претседател на Меѓународниот Сојуз на Боки 13, а наводно и потписник на одредена документација. Вчера во Обвинителството на распит била и Јованка Кухар, финансиски раководител и координатор во Меѓународниот Сојуз. Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски - Кичеец и Катица Јанева. Денеска во Обвинителството е повикан и бизнисменот Зоран Азманов да сведочи за случајот „Рекет“.

0 Коментари

Остави коментари