Возбудлива Ф1 трка на „Силверстон“ - победа на Хамилтон
Foto

Возбудлива Ф1 трка на „Силверстон“ - победа на Хамилтон

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), триумфираше денеска во трката за Големата награда на Велика Британија и покрај казната од 10 секунди поради инцидентот со Макс Ферстапен (Ред Бул).

Трката почна со инцидент, откако Хамилтон веќе во првиот круг се судри со Ферстапен во обид да го мине на патеката од надворешната страна возачот на Ред Бул, кој стартуваше од пол-позицијата.

Ферстапен со голема брзина удри во заштитната ограда, по што беше пренесен во болница, а неговиот болид беше целосно уништен.

И покрај казната од 10 секунди, Хамилтон со фантастично возење ја презеде водечката позиција од Шарл Леклерк (Ферари) во 50. круг и мина прв низ целта на патеката во Силверстон за 99 победа во кариерата.

Третото место го освои Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, го освоија четвртото и петтото место.

Британецот Хамилтон сега има осум победи во кариерата во „Силверстон“, откако претходно на домашната патека триумфираше и во 2008, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019 и 2020 година.

0 Коментари

Остави коментари