Возачот кој ја прегази Фросина во Шутка добил мобилен телефон, тврди СДСМ
Веќе два дена јавноста е во шок од трагедијата што ја потресе целата држава, откако Васов, 20-годишник без возачка дозвола ја прегази младата Фросина, која за жал почина на лице место. Граѓаните се револтирани, јавноста е бесна, а протестите не стивнуваат, вела од СДСМ.
Сторителот е во притвор, но денес во јавноста излегоа скандалозни фотографии од затворот Шутка, на кои јасно се гледа дека тој непречено користи мобилен телефон, иако тоа е строго забрането, додаваат од опозициската партија.
Тие повикаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да излезе и да одговори пред граѓаните и пред семејството на трагично загинатата Фросина кој му дозволил на обвинетиот за нејзиното прегазување пристап до телефон во затвор?

