Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните доколку направат прекршок

Со меѓуопштинска соработка, Градот Скопје ќе го финансира проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ во Општина Чаир, а општината треба да ја изработи проектната документација. За проширување на овој скопски булевар ќе биде потребно да се експропријираат дваесетина објекти, а обврска за тоа зеде градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, порача денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој појасни дека доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието.