Воз излета од шините во Англија, две лица се тешко повредени, а девет полесно

Две лица се тешко повредени, а девет полесно кога патнички воз излета од шините во Источен Сасекс, Англија, соопшти локалната служба за итни случаи.

Во моментот на несреќата, во возот имало околу 150 лица, се додава во соопштението.

Британската полиција објави дека сите патници се евакуирани од возот.