Воска спорт влезе во ПМФЛ и се раздели од тренерот

Воска Спорт одигра одлична сезона во Втората фудбалска лига и наредната сезона ќе се натпреварува во најсилната конкуренција, а во својата дебитантска сезона во друштвото на најдобрите ќе влезе со нов тренер.

 

Клубот од Охрид официјално му се заблагодари на досегашниот предводник Берат Ирин.

Двете страни не успеале да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката, па сега клубот ќе добие нов стратег.