Вонредна седница на ЕЦБ поради превирањата на финансиските пазари
Надзорниот одбор на Европската централна банка се состанa денеска за да размени мислења и да им даде информации на членовите на одборот за последните случувања во банкарскиот сектор. Акциите на банките паднаа оваа недела поради колапсот на американската Банка на Силиконската долина и проблемите во швајцарскиот Кредит Свис.
Паниката на пазарите стивна откако САД обезбедија исплата на депозити на клиентите на СВБ, а швајцарската централна банка обезбеди 50 милијарди франци на Кредит Свис за поддршка на нејзината ликвидност.
Креаторите на политиките во Европската централна банка објавија дека ќе поминат низ планираното зголемување на каматните стапки од 0,5%, бидејќи институцијата жонглира и со инфлацијата и со финансиската несигурност во услови на превирања што ги зафатија финансиските пазари. Банката таргетира стапка на инфлација од околу два отсто на среден рок. Вчера Лагард истакна дека банкарскиот сектор е во многу подобра позиција отколку што беше во 2008 година.
- Внимателно ги следиме тековните тензии на пазарот и е подготвени сме да одговориме доколку е потребно за да се зачува стабилноста на цените и финансиската стабилност во еврозоната. Банкарскиот сектор на еврозоната е отпорен, со силен капитал и ликвидносни позиции“. Политичката алатка на ецб е целосно опремена да обезбеди ликвидносна поддршка на финансискиот систем на еврозоната доколку е потребно и да го зачува непречениот пренос на монетарната политика. - изјави Кристин Лагард-претседател на ЕЦБ.
Според информациите од ЕЦБ целта на состанокот е да се следи ликвидноста на банкарскиот сектор во еврозоната и да се процени можното масовно повлекување на депозитите. Најавите се дека нема веднаш да преземат никакви мерки.