Вонреден самит на ЕУ по царинските закани на Трамп

Вонреден самит на Европската Унија по заканите на Доналд Трамп кон Гренланд. Шефовите на држави или влади на земјите членки на Унијата, неделава ќе се сретнат во Брисел по зголемениоте тензии околу островот и најавата за царини на американскиот претседател..

Од европската комисија остануваат на ставот дека само гренланд може да одлучи за својата иднина и целосно застанаа зад Данска ..

 

Урсула вон дер Лајен

„Секогаш ќе ги штитиме нашите стратешки економски и безбедносни интереси. Ќе се соочиме со овие предизвици за нашата европска солидарност со постојаност и решителност.“

А по состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ, договорено е барем до фебруари, унијата да не презема никакви одмазднички мерки на најавените американски царини...Сепак, на маса била ставена и опцијата за активирање на инструментот против принуда, кој предвидува ограничување на увозот на стоки и услуги во ЕУ...

 А Доналд Трамп не попушта од намерата Гренланд да биде под американска контрола..Во најновата обајава на својата социјална мрежа, американскиот претседател порача дека Данска имала доволно време да ја спречи заканата по Гренланд, но дека досега не успеала во тоа..Според Трамп, САД треба да ја преземат контролата поради националната безбедност и засиленото присуство на Русија и Кина на Арктикот... 

Доналд Трамп – претседател на САД

„Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање.“

Норвешките медиуми пак известуваат дека Трамп, испрати писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, во кое го информира дека не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот, со оглед на тоа што Норвешка одлучила да не му ја додели Нобеловата награда за мир...

Доналд Трамп – претседател на САД

„Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако спречив најмалку осум војни, повеќе не се чувствувам обврзан да размислувам само за мир, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, но сега можам да размислувам за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Данска не може да го заштити Гренланд од Русија или Кина. Зошто би требало да има какви било „права на сопственост“. “  

Норвешкиот премиер потврдил дека добил таква порака од американскиот претседател а слични писма стигнале и до неколку европски амбасадори во Вашингтон..Иако се надеваше на наградата и имаше големи лобирања , на крајот Трамп сепак не ја доби нобеловата награда ..Во декември минатата година, нобеловиот комитет одлучи лауреат да биде  венецуелската политичарка Марија Корина Мачадо...Минатата недела, на средбата во Вашингтон, таа му го врачи медалот на американскиот претседател..