Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по смртта на шестгодишното девојче
По смртта на шестгодишното девојче, битолската болница најавен е вонреден инспекциски надзор, односно истрага за причините за смртта на детето. Од Министерството за здравство за вонреден инспекциски надзор за овој случај во најавија за утре. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена.
Семејството на девојчето од Кравари кое почина во битолската болница бара одговорност од лекарите. Стојче Христовски вели дека неговата ќерка не боледувала од никакви болести, дека била здраво дете, а завчера имала само покачена температура. Престојот на Јана во битолската болница траел само 5 часа.
„Ќерка ми Јана почина зашто лекарите ѝ дадоа гликоза после што ѝ се крена шеќерот на 19“, вели Христовски.