Вонреден инспекциски надзор во битолската болница и Универзитетската клиника за детски болести

Вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  во битолската болница по смртта на нововроденчето кое поради влошена состојба било пренесено во Клиниката во Скопје.

Со вонредната инспекција треба да се испита текот на лекувањето и третманот на родилката и нејзиното починато новороденче.

Таткото на починатото новороденче изјави дека не била направена навремена интервенција, обвинувајќи за негрижа. 

Од Клиничката болница во Битола, пак, тврдат дека навремено реагирале и ги информирале родителите за состојбата. Од Детската клиника во Скопје информираат дека кај нив биле инспектори  од Државниот инспекторат а директорката Валентина Цвејоска Чолаковска за ТВ 24 вели дека ќе го почекаат официјалниот извештај и дека кај нив било се во ред.

Оттаму ја  препратија информацијата дека во саботата во попладневните часови на клинката било донесено новороденчето од битолската болница без срцева акција и дишење. Направен бил обид за реанимација но безуспешно.