Волф за договорот со Хамилтон: Не гледам причина да запре соработката
Foto

Волф за договорот со Хамилтон: Не гледам причина да запре соработката

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф изјави дека германскиот тим ќе биде среќен доколку продолжи соработката со Луис Хамилтон и во следната сезона.

„Не гледам причина зошто тој не може да го посака тоа. Ова е најдоброто место. Луис е со нас подолго време и ми се чини дека ќе обезбедиме конкурентен болид, не гледам причина да запре соработката“ - рече Волф.

Следен предизвик за Хамилтон и Мерцедес е утрешниот предизвик на Големата награда на Португалија.

0 Коментари

Остави коментари