Војните, климатските промени и цените на енергенсите и натаму ризици за растот на инфлацијата
Климатските промени, активните војни во Украина и на Блискиот Исток, најавите за понатамошен раст на платите, но и турбуленциите со цените на електричнатас енергија се главните ризици кои и натаму може да предизвикаат раст на инфлацијата во Македонија. Ова се дел од наодите на истражувањето на Народната банка која преку своја анкета објавува дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува во следните две години, но и постепено ќе се намалуваат цените нa храната и енергентите, а исто така се очекува дека за забавување на инфлацијата ќе придонесат и мерките преземени од носителите на политиките, како и забавувањето на странската инфлација.
„ Во споредба со претходната анкета, испитаниците во оваа анкета очекуваат малку пониска просечна стапка на инфлација од 3,9% за 2024 година наспроти 4,1% во претходната анкета, при непроменети очекувања за 2025 година 3% и слични очекувања за 2026 година 2,7%, наспроти 2,6% во претходната анкета“. - Народна банка
Последните официјални податоци пак на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во земјава бележи раст од 4,5 отсто. На месечно ниво наа стапка достигнува речиси еден отсто. И натаму, граѓаните секојдневно се жалат дека цените на храната континуирано растат. Потврда за тоа даде и последната пресметка на минималната потрошувачка кошничка за едно четири члено семејство која вели дека се потребни нешто над 1000 евра да се протурка месецот. Дополнително, од денеска домаќинставата ќе плаќаат и поскапа електрична енергија за 0,4 отсто.