Војник во Украина убил петмина другари, па избегал
Foto

Војник во Украина убил петмина другари, па избегал

Украински војник на Национална гарда ноќеска во фабрика за оружје и воена техника во земјата убил најмалку 5 другари.

Тамошното Министерство за внатрешни работи соопшти дека инцидентот се случил во градот Днепр. Војникот пукал со „калашников“ и петмина загинале, а уште пет лица се ранети. 

Потоа војникот избегал. Засега не се познати мотивите. Формирана е екипа за потрага по избеганиот војник. Инцидентот доаѓа во период кога има растечки тензии во конфликтот со Русија.

0 Коментари

Остави коментари