Војна во Украина: Последици за Македонија и Западен Балкан
Растат стравувањата дека со приближувањето на крајот на октомври, ќе дојде до избувнување на нов судир меѓу Белград и Приштина поради намерата на косовските власти да ги променат регистерските ознаки, нешто на што се противат тамошните Срби.
Нема доволно аргументи кои би се спротивставиле на ваквите стравувања, па оттаму повеќето мислат дека штом ситуацијата ескалира еднаш, многу е веројатно дека ќе се случи и втор пат. Нато распореди резервни војници во мисијата на КФОР, во рамките на вообичаеното планирано распоредување на силите, постојат резерви увежбани за доаѓање тука, изјави командантот на источниот сектор на КФОР, полковникот Кристофер Самиулски.
Бројот се движи меѓу 500 и илјада кои би им се приклучиле на постојните 3.700 војници на НАТО. Дека по систем на домино може да се одрази украинскиот конфликт во Западен Балкан, предупредуваат многу аналитичари и тинк тенк стратези и затоа порачуваат сите карти да не се остават само на НАТО туку земјите во регионот сами да преземат акции во случаи на детектирано присуство на руско влијание.
Македонските власти тврдат дека безбедносната состојба е стабилна. Министерството за одбрана на прашање на ТВ 24 одговори:
Телоп: Северна Македонија е сигурна и безбедна земја. Дел од колективната одбрана на НАТО-Алијансата. Сојузниците остануваат посветени на клучните задачи на НАТО-одвраќање на трети земји од непријателски дејствија и одбрана на секој метар сопствена територија.НАТО е одбранбена Алијанса и прави се да ја спречи натамошната ескалација.
Од друга страна вербалната војна на север од нас не престанува, Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за Си Ен Ен говорејќи за подготвеноста на косовските оружани сили, вели ако Белград и Кремљ сакаат да ни направат нешто два пати да размислат може да дојде до војна. Белград претходно го обвини Курти дека изјавил дека ќе има војна.