Вогел: Француското вето е само претстава за превземање на лидерската улога во ЕУ
Foto

Вогел: Француското вето е само претстава за превземање на лидерската улога во ЕУ

Француското вето е само претстава за превземање на лидерската улога во ЕУ во време на пост - Брегзит. Тоби Вогел аналитичар од берлинскиот Совет за политика на демократизација - во интервју за тв 24 вели дека Балканот е колатерална штета во момент кога Германија е политички парализирана а Велика Британија излегува од Унијата.

„Проширувањето е колатерална штета затоа што Германија и Франција немаат договор по многу прашања, од реформи до проблеми во одбраната. Не велам дека Макрон не се грижи за овој процес на проширување туку дека во овој случај тоа е повеќе претстава за другите. Тој знае дека има отворена врата за овој силен потег, затоа ниедна земја чкенка нема да се противи. Да, Германија е ЗА проширување, но канцеларката Меркел нема потроши голем политички капитал за прашање што на крајот од денот е маргинален на агендата на ЕУ.“ - изјави Тоби Вогел експерт за Балканот во Тинк тенк Совет за политика на демократизација.

Козметичка е промената која ја бара Париз, вели Вогел. Според него она што недостига во процесот е политичка волја од двете страни – ЕУ која е скептична околу проширувањето но и некои земји кандидати од Западен Балкан кои не се сериозни во имплементирањето на реформите.

„Да бидам искрен, го читав внимателно нон пејперот и разговарав со голем број дипломати тука во Брисел и моето чувство е, иако не можам да го докажам дека документот е набрзина направен. Сметам дека кога претседателот Макрон ја најави оваа идеја тој немаше апсолутно ништо во рацете. Во документот некои елементи се повторуваат, не се објаснува што со земјите кои веќе преговараат како Србија и Црна Гора, а структурните фондови се повеќе поставени како трик, знаејки дека земјите од Западен Балкан и сега не ги користат доволно фондовите.“ - изјави Вогел.

Според Вогел и новата Европска Комисија која започна со работа од вцера ќе нема доволно време да ја спакува новата методологија до крајот на јануари. Како дополнителен проблем го гледа и новиот комесар за проширување- унгарецот Оливер Вархељи кој е дел од унгарската Фидес на Виктор Орбан.

Експертот за Балканот, Вогел вели дека не гледа проширување за време на мандатот на оваа Европска Комисија.

0 Коментари

Остави коментари