Воен удар во Бенин

Војници на западноафриканската држава Бенин објавија дека го собориле претседателот Патрис Талон и ја презеле власта во земјата. Во своето обраќање до нацијата, порачаа дека е суспендиран уставот а владата и сите политички партии се распуштени.

Во исто време, француската амбасада во Бенин пријави пукање во близина на претседателската резиденција во главниот град и ги повика своите граѓани да останат во затворен простор. 

Војската, исто така, нареди затворање на сите копнени и воздушни граници на земјата. Од претседателскиот кабинет тврдат дека претседателот на државата е добро и дека малата група војници кои се појавиле на телевизија, ја немаат поддршката од армијата.