Воен авион се сруши во Србија
Foto

Воен авион се сруши во Србија

Авион „Миг 21“ на српската армија се урна  во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача. Загинаа двајцата пилоти.

Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, кој е одведен во болница во Лозница и примен на Одделот за интензивна нега, каде му се третирани изгорениците на телото. Локалните жители велат дека авионот летал над селото, а во еден момент летал многу ниско, над покривите на куќите.

„Бев дома и се подготвував да одам за Мали Зворник и во тој момент слушнав силен звук на авион. Го гледав авионот, леташе ниско, излегов и осетив силен чад.“ - вели Станоје Гнијиќ - жител на Брасина.

Познавачите велат дека станува збор за авион ловец кој служи за обука.

„Според серискиот број, станува збор за постар Миг. Овој авион конкретно е набавен од ЈНА во 1986 година, а ремонтиран е во 2016 и оттогаш по ремонтот добил одобрение до 2026 да може да лета. Приземјен бил во 2018, оттогаш не летал, а почнал повторно да лета на почетокот на оваа година.“ - изјави Петар Војиновиќ. 

Авионот МИГ 21 пред полетувањето бил прегледан согласно сите процедури и било констатирано дека е подготвен за лет.

 

0 Коментари

Остави коментари