Водици во Скопје без традиционалното положување на светиот крст во водите на Вардар
Foto

Водици во Скопје без традиционалното положување на светиот крст во водите на Вардар

Со златоустова литургија , бакнување на светиот крст кој годинава поради Пандемијата не беше положен во водите на реката Вардар, но и вообичаената закуска со една лажичка помал број на верници денеска ги посетија верските храмови да го одбележат Водинци.

 

Поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан пак литургијата ја водеше во црквата Пресвета Богородица а откако ја заврши богослужбата ги освети водите на црквата а осветени беа и водите на Вардар .

 

Граѓаните кои дојдоа во храмовите велат симболично дошле да запалат свеќа за здравје но ги почитуваат протоколите. Свештените лица пак по литургијата им упатија честитки на верниците.

 

Ова е прв пат во историјата традицијата на положување на светиот крст во Вардар да биде одложена.

 

Слична беше глетката и во останатите градови ширум земјата со исклучок на одредени места. Така на пример во Битола во крстилницата на црквата Св. Недела 10 на момчиња кои скокаа по крстот ниту годинава не се откажаа од традицијата.

 

Во Прилеп пак традиционално секоја година овој ден се одбележува симболично со пуштање на гулаби кои се пуштаат да летаат за време на литургијата на која и годинава верници со маски дојдоа да ја слушнат веста - Бог се јави.

0 Коментари

Остави коментари