Вода изби во подрумите на зградата каде семејството Иванови скришно купи два стана
Foto

Вода изби во подрумите на зградата каде семејството Иванови скришно купи два стана

Изби подземна вода во зградата каде Иванов и неговиот шура купија по два стана. Иако новата зграда на Водно е целосно подготвена за вселување, во гаражите неочекувано деновиве се појавила вода на тлото, па мајстори сега мора однова да го кршат бетонот и да поставуваат цевки за одвод. Иванови за двата стана платија над 250 илјади евра.

Иванови се иселија од вилата Водно, но ќе почекаат за вселување во новите стана. Коплексот каде се наоѓа зградата е целосно заграден и затворен со капија. Соседите очекуваат дека со вселувањето на Иванови конечно ќе добијат и подобар пат, кој сега е целосно уништен од камионите што граделе на Водно. 

Во претседателската палата на Водно, пак, исто така се работи. И таму врие од мајстори. Се варосуваат ѕидовите и се купуваат нови ствари за новото претседателско семејство. Од кабинетот на претседател Стево Пенадровски велат дека тој и неговата сопруга и синот, се уште не се вселиле во вилата. Ќе седат во станот во скопска Автокоманда додека не заврши реновирањето на вилата. Но, тврдат дека во претседателската палата се прават само неопходните промени. Се купува нова постелнина, но не и нов мебел. 

„Во моментов се реализира адаптација на објектот пред вселување на Претседателот на Северна Република Македонија Стево Пендаровски и неговото семејство. Во однос на трошоците околу постапката за адаптација истите се симболични и се однесуваат на основни промени (постелнина, варосување). По завршување на постапката која ја спровердува СОЗР ќе ви го доставиме точниот износ“ - велат од кабинетот на претседател Пендаровски. 

Додека трае реновирање на вилата Пендаровски оди на работа во неговиот кабинет на Водно. Вчера потпиша укази на четири системски закони кои не беа потпишани од Иванов. Денес, пак, претседателот испи кафе во едно скопско кафуле. Гостите таму велат дека се појавил без поголема помпа, односно без сирени, чистачи и видливо силно полициско обезбедување.

0 Коментари

Остави коментари