Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум
Во земјава недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа, покажуваат најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за капацитетитена итната медицинска помош.
Најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните. Истражувањето покажува и дека во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува.