Во земјава 3.557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди умира по еден човек од коронавирусот
Foto

Во земјава 3.557 активни случаи со Ковид-19, во светот на секои 15 секунди умира по еден човек од коронавирусот

Во моментов во земјава се активни 3557 случаи на заразени со Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7221 лица, а починаа 511. Вкупно се направени 108.384 тестирања за Ковид -19.

Се уште најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1303, во Куманово се активни 262, во Дебар 118, Штип 433, Прилеп 46, Тетово 212, Струга 187, Велес 22, Битола 66, Охрид 76, Кавадарци 63, Гостивар 288, Гевгелија се активни 12, Струмица 23, Крива Паланка 11, Радовиш 16, Крушево 8, Кочани 20, Пробиштип 22, Демир Хисар 26, Македонски Брод 35, Берово 4, во Виница се активни 21, Делчево 4, Кратово 7, Свети Николе 134, Кичево 109, Ресен 21 и во Неготино 8 случаи.

Според проценките врз основа на податоците од изминатите две недели, на секои 15 секунди во светот по еден човек умира од коронавирусот. Тоа е еднакво на 247 луѓе кои починуваат секој час.

Речиси 5.900 луѓе во просек умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, а најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.

0 Коментари

Остави коментари