Во затвор се самоуби убиецот на Танкица Младеновска од Кочани

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.

Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово во селото К’шање, за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот. Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.