Во Загреб уапсен озлогласен италијански дилер, тој си живеел мирно со сопругата и ќерката
Foto

Во Загреб уапсен озлогласен италијански дилер, тој си живеел мирно со сопругата и ќерката

На Силвестрово, во Загреб уапсен е 72-годишен екс-член на италијанската банда „Мала дел Брента“, Италијанецот Клаудио Десте.

Екс-членот на озлогласената банда десетина часа пред полноќ во Загреб, со семејството и пријателите планирал да ја дочека Новата година, но го издале лажните документи, благодарејќи на добрата соработка меѓу хрватската и италијанската полиција, јавува хрватски Јутарњи лист.

Клаудио е еден од главните дилери на бандата познат по криумчарењето на големи количини кокаин и хероин од италијанскиот регион Венето поради што му се закануваат повеќе од 10 години затвор.

Според информациите, посредувал во Хрватска каде водел казино во Истра. Бандата од дрога неделно заработувала и до 30.000 евра, а за комуникација не користеле мобилни телефони, туку користеле други методи. Дрогата до градовите ја транспортирале со скутери. Кокаинот од Колумбија во Италија доаѓала преку Хрватска, а хероинот го шверцувале од Турција исто така преку Хрватска.   

Десте од 1981 до 1989 година набавувал кокаин и хероин од странство, се до 1991 кога го уапсиле. Во затвор поминал 6 месеци, па бил пуштен да се брани од слобода.

Од 2000 година побегнал и станал недостапен за полицијата во Италија. Најверојатно оттогаш се крие во Хрватска. Според наводите на Јутарњи лист, последните 10 години живеел во населба во Загреб со сопругата Снежана која ја запознал во неговото казино и со ќерката тинејџерка.

Неговите соседи изјавиле дека немале многу информации за Клаудио, па затоа биле изненадени кога тој бил уапсен во очи на новата година.



0 Коментари

Остави коментари