Во Задар изложба „Цвеќе на мирот“ на Живко Поповски-Цветин
По повод Денови на уметноста во Хрватска, од денеска до 26-ти јуни во Задар ќе биде поставена изложбата „Цвеќе на мирот“ на македонскиот сликар Живко Поповски – Цветин. Пред хрватската јавност Цветин ќе се претстави со 40 уметнички дела.
Поставката Цвеќе на мирот одбележува 40 години, откако на 10.10.1985 година, нашиот уметник нацрта и преку Југословенската лига за мир подари 160 слики за одбележување 160 години од постоењето на Обединетите нации со едноставна порака „Цвеќето во човекот него сака ветерот на војната, јас не измислувам нови цветови, туку ги пресликувам цветовите на луѓето што ги сакаат слободата и мирот“.
Изложбата е во организација на Македонското Културно Друштво „Билјана“ од Задар. Заедно со членовите на Друштвото, Цветин симболично ќе пушти порака за мир во водите на Јадран. Воедно, ќе биде поддржана и Декларацијата за мир во светот и против сите војни и употреба на нуклеарно оружје, која досега ја потпишаа повеќе од 3 000 истакнати поединци поети, музичари, универзитетски професори, академици, хуманисти, екологисти и други личности.