Во војната меѓу Израел и Хамас досега загинале 29 новинари

Меѓународната федерација на новинари соопшти дека од 7 октомври кога почна конфликтот меѓу Израел и Хамас, загинале вкупно 29 новинари. Според нив, најмалку 24 палестински новинари се убиени, неколку се повредени, а други се водат како исчезнати за време на тековните воени операции помеѓу Хамас и Израел во Појасот Газа. 

Меѓународната федерација на новинари и синдикатот на палестинските новинари ги осудуваат убиствата и континуираните напади врз новинарите.