Во владата координација за лидерска средба

Во владата координација, во кој формат, на која локација и кога точно ќе се случи лидерската Ковачевски - Мицкоски. Според информации на ТВ 24 во однос на локацијата не е исклучено таа да биде на неутрална, надвор од владината зграда.

Според првичните информации лидерската би требало да се случи во среда. И денеска во пресрет на лидерската не запираат меѓупартиските обвинувања. Лидерот на ВМРо ДПМНЕ вели дека не епотребна лидерска за ПР промоција туку за суштински прашања.

„Доколку има лидерска средба од која што ќе имаме некаков резултат, од таа лидерска средба имаме две можни опции. Едната опција е таа која што ја застапува владата односно Димитар Ковачевски, а тоа е влегуваме во еден критичен период за државата, тие влегуваат со процес со уставни измени во Парламентот. Ние велиме тој процес нема да го поддржиме и според бројките очигледно нема да успеат. Така што втората опција е тој процес да не успее.“ вели Мицкоски во интервју за 360 степени.

Од СДСМ денеска муј возвратија, поканата е з алидерска а не за приватна средба. Изборот е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. 

Во меѓувреме, министерот Спасовски во интервју за белградска Политика изјави дека е лицемерно само декларативно да бидеме за членство во ЕУ, а да не поднесуваме политичка одговорност.

„Почетокот на преговорите со Европската Унија го очекувавме цели 17 години. Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, вклучитено и уставните измени, бидејќи тоа е чекор за иднината на државата“ изјави министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски во интервју за белградска „Политика“.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека нема деа дадат поддршка за уставни промени особено не во ситуација кога државата нема гаранции дека во некој следен чекор Бугарија повторено нема да стави вето и да ја блокира земјата кон ЕУ интеграцијата. 

Изминативе 10тна дена голем број на дипломати странски функционери и амбасадори испратија порака дека уставните измени треба да се завршат до крајот на годинава. А за да се стасаат тие рокови процесот треба да започне во текот на овој месец. Токму и најавената лидерска средба според Ковалчевски треба д абид епосветена на можноста за политички консензус, но според Мицкоски тоа сценарио во сегашните околности е невозможно.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение велат дека премиерот Ковачевски не го пуштаат сам да оди на лидерска средба поради две причини. Првата е зошто Али Ахмети не му дава и се чувствува запоставен, втората е зошто раководството на СДС нема доверба во Ковачевски.Напоменуваат дека досега официјална покана за лидерска средба до ВМРО-ДПМНЕ нема, освен оние изјави преку медиумите.