Во Велес вечерва ќе биде отворен 23 Меѓународен стрип салон

Во Europe House Велес вечерва од 20:00 часот ќе биде отворен 23. Меѓународен салон на стрип „Велес 2026“, во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес,со поддршка од Општина Велес, Министерството за култура и туризам и Europe House Велес.

Во рамките на Салонот ќе бидат изложени дел од пристигнатите стрипови и ќе бидат прогласени најдобрите автори од годинашниот меѓународен конкурс. Годинава на меѓународниот конурс за „Златен стрип“ беа пријавени 497 стрипови од стрип автори од 30-тина земји во светот.

Стрип програмата продолжува утре, кога во Куќата а на Касапови или „Куќата на уметноста“ ќе започне со работа  8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе собере 14 стрип авторки од пет балкански земји меѓу кои и Македонија.

Како што потенцираат организаторите, овие стрип настани се уште една можност Велес да биде место на средба на различни култури, идеи и уметнички изрази и се само уште една потврда дека е центарот на стрип уметноста во земјава и пошироко.